Победата на Манчестер Сити над Ливерпул не го извади Арсенал од ритам, „топчиите“ попладнево рутински одработија против Лидс и славеа со 4-1.
Жесус го отвори резултатот од пенал во 35. минута, Вајт на стартот од вториот дел зголеми на 2-0, а Жесус со својот втор гол во 55. минута практично го реши натпреварот.
Кристенсен намали на 3-1 во 76. минута, конечниот резултат го постави Џака во 84. минута.
За Арсенал ова беше седма победа во низа во Премиерлигата, прва ваква серија под водство на Микел Артета.
На останатите натпревари од 16 часот, Борнмут со 2-1 го совлада Фулам, со истиот резултат Кристал Палас славеше против Лестер, Нотингем Форест и Вулвс одиграа 1-1 а најмногу голови имаше на пресметката помеѓу Брајтон и Брентфорд, резултатот беше 3-3.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.