„За малку ќе заспиев на брифингот пред натпреварот против Сити, вака повеќе не може!“

by
1 минути читање

Новото коло во
Премиерлигата почна синоќа со дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, натправарот
стартуваше во 13:30 часот, термин кој често е критикуван од Јирген Клоп, кој и
сега имаше многу замерки, бидејќи двата клуба имаат голем број на
репрезентативци, кои немаа доволно време за одмор по настапите со своите
национални тимови.

По средбата на
„Етихад“ која заврши со 1-1, Алексис Мекалистер се приклучи на дебатата и откри
дека малку фалело да заспие на состанокот кој бил одржан во петокот, кога се
правеле последните подготовки.

„Искрено, тешко е
да се игра со ова темпо“
– вели фудбалерот на Ливерпул.

„Вчера (петок)
имавме состанок на кој зборувавме за натпреварот против Манчестер Сити и
начинот на кој сакаме да одиграме, а јас едвај ги држев отворени очите“.

„Беше навистина
тешко, долги патувања, џет-лег
Сите сакаме да играме фудбал, сакаме да победиме, па затоа го дадовме
најдоброто против Манчестер Сити, но вака повеќе не може!“


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×