Ливерпул се
зацврсти на лидерската позиција во англиската Премиерлига каде во моментов има
51 бод, со шест бода предност во однос на Тотенхем, односно, седум во однос на
Манчестер Сити.
Њукасл настрада
на Енфилд а домаќинот славеше убедливо со 4-0, од друга страна бранителот на
титулата во Премиерлигата е во криза, а вчера го забележа вториот пораз во
серија, откако загуби на гостувањето кај Лестер со 2-1.
Ливерпул го
очекуваат две дерби пресметки во продолжението од шампионатот, а говорејќи за
разликата која Редсите ја направија во однос на големиот ривал за титулата, шефот
на стручниот штаб на тимот од Енфилд, Јирген Клоп вели дека рано е за еуфорија.
„Играме против
Арсенал и Сити, добро е тоа што имаме седум бода разлика, но, тоа е се’.
Сакавме да креираме нешто посебно за
вториот дел од сезоната, сакаме да креираме наша сопствена историја, бројките
засега се добри, ситуацијата исто така… но, претстојат уште 19 натпревари“
издвои Германецот.
Претстојниов
викенд Ливерпул на домашен терен го пречекува Арсенал, а веднаш потоа гостува
кај Манчестер Сити.