Нголо Канте беше
еден од клучните играчи на Лестер минатата сезона, но негова задача не се
головите туку да ги сопира противничките напади и да одзима топки на средината од теренот, па
Џејми Варди и Ријад Марез беа во центарот на вниманието.
Французинот
минатото лето ги напушти „Лисиците“ и премина во Челси, па продолжи во ист стил
и на Стемфорд Бриџ.
Тој е клучен
играч во тимот на Антонио Конте, неуморен работник кој најдобро го опишува изјавата на
ѕвездата на тимот Еден Азар.
„Кога го купивме
Нголо Канте, добивме близнаци” – рече Белгијанецот по вчерашната победа над Вест Хем.
За тоа каков
играч е Французинот доволно покажува потегот од финишот на првиот дел.
Нголо Канте лошо
прими една топка, и додека двајца играчи на Вест Хем застана и мислеа дека таа
ќе заврши во гол аут, фудбалерот на Челси не се откажа, го даде максимумот,
успеа да ја спаси и да овозможи нападот на неговиот тим да продолжи.