27
Искусниот португалски дефанзивец Жоао Кансело е решен да остане во редовите на Барселона и за таа цел е подготвен на значително финансиско откажување.
Според информациите, Кансело кој моментално заработува околу 15 милиони евра во Ал Хилал, е подготвен да ја намали својата плата на околу пет милиони евра годишно само за да го продолжи престојот во Каталонија, каде оваа сезона настапуваше како позајмен играч.
Португалецот наводно сака да остане во Барселона уште две сезони, но за реализација на трансферот клубот ќе мора да плати околу 10 милиони евра отштета на саудискиот клуб.