За Инзаги победата над Манчестер сити е како искачување на Монт Еверест без кислород!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ал Хилал приреди големо изненадување и славеше триумф од 4-3 против Манчестер сити на Светското клупско првенство.

Овој триумф тренерот Симоне Инзаги по средбата го спореди со искачување на Монт Еверест.

„За овој резултат клучни се фудбалерите кои покажаа голема борбеност на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на квалитетот на Сити. Моравме да успееме да се качиме на Монт Еверест без кислорд и успеавме. Сие фудбалери беа исклучителни, како во фазата на посед, така и во играта без топка. Бевме многу добро организирани од техничка страна и одигравме одлично против агресивна екипа. Гвардиола за мене е најдобриот тренер на светот, но вечерва ние го заслуживме овој резултат“, изјави Инзаги.

Во четвртфиналето Ал Хилал ќе се соочи со Флуминенсе кој претходно исто така приреди изненадување и го елиминиаше Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×