126
Нејмар секое лето
се поврзува со враќање на Камп Ноу, но доколку Виктор Фонт победи на
претседателските избори кои ќе бидат одржани во јануари следната година, Бразилецот нема одново да го облече дресот на „каталонците“.
„Од спортски аспект,
знам дека фудбалер како Нејмар перфектно ќе се вклопи во проект кој ќе го
предводи Чави“ – вели Виктор Фонт, кој е еден од фаворитите за наследник на
Жозеп Мариа Бартомеу.
„Сепак, за играч кој
нѐ тужеше и нѐ стави во тесно со тоа што замина на неколку дена пред почеток на
нова сезона, нема место во мојата Барселона. Исто така, од аспект на финансии,
нема шанси да се реализира еден ваков трансфер“.