За да нема „тепачки“, четвртолигашот Арандина му пишал на Реал кои дресови ги сака (ФОТО)

by
1 минути читање

Кога Арандина ќе се сретне со Реал Мадрид во Копа дел Реј, на многумина од домашните фудбалери ќе им се оствари сонот да ги одмерат силите со најдобрите во светот, а по крајот на натпреварот ќе сакаат и спомен од овој меч во форма на дрес од противникот.

„Во соблекувалната предложив да се обидеме да добиеме што е можно повеќе дресови, бидејќи на крајот сите ќе сакаме еден ист дрес. Мислам дека секој треба да има спомен од овој меч, и ќе биде убаво доколку Реал ни излезе во пресрет“ – вели капитенот на Арандина, Хорхе Гонзалез.

Па за да нема „тепачки“, четвртолигашот направил список со желби и на Реал Мадрид му пишал кои дресови сака да ги добие.

Марка ја објави листата, половина од фудбалерите на Арандина бараат дрес од Лука Модриќ, Хрватот ги засени останатите играчи особено Белингам и Винисиус, кои во моментов веројатно се двете најзвучни имиња на „Бернабеу“. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×