Вулверхемптон за прв пат по 48 години ќе игра четвртфинале во Европа! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Познати се сите
учесници на завршниот турниор од Лига Европа во Германија, вечерва своето
учество го потврдија Базел и Вулверхемптон.

Во Швајцарија,
Базел со 1-0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт и само го потврди настапот во
четвртфинале откако на првиот меч славеше со 3-0. Стрелец на голот беше Фрај во
финишот од мечот.

Со ист резултат
Вулверхемптон го победи Олимпијакос и тоа беше доволно за „волците“ да
обезбедат настап на Ф8.

Стрелец на голот беше Раул Хименез од белата точка
во 9. минута. За Вулверхемптон ова е прво четвртфинале во европско натпреварување
по 1972 година.

Четвртфинале Лига Европа:

Шахтар – Базел

Манчестер јунајтед – Копенхаген

Интер – Баер Леверкузен

Вулверхемптон – Севиља

Можно е и ова да ти се допаѓа

×