141
Раководството на Вулверхемптон реши да стави крај на соработката со тренерот Витор Переира по само десет кола во Премиер лигата.
Португалецот ја презеде клупата на „волците“ во декември минатата година и тогаш успеа да го спаси тимот од испаѓање, но оваа сезона почетокот беше катастрофален.
Волвс по десет натпревари има само два освоени бода, без ниту една победа и со најлоша гол-разлика во лигата.
По серијата од осум порази и две ремија, во клубот проценија дека е време за промена и дека тимот има потреба од нова енергија. Заедно со Переира заминува и целиот негов стручен штаб.