Второто засилување за Манчестер Сити пристигнува од Челси за симболична сума и нема настап три години

by bojan
1 минути читање

Манчестер Сити попладнево го потврди трансферот на Маркус Бетинели, 33 годишниот голман пристигнува од Челси за симболична сума и ќе биде трет голман, зад Едерсон и  Штефан Ортега.

„Граѓаните“ забрзано работат на неколку зделки, синоќа беше потврден трансферот на Рајан Аит Нури од Вуверхемптон, а додека се чека официјални потврди и за трансферите на Тиџани Рајндерс од Милан и Рајан Шерки од Лион, клубот од Етихад попладнево го претстави второто засилување.

Се работи за 33 годишниот Маркус Бетинели од Челси, кој пристигнува за симболична сума и нема настап три години.

Голманот најверојатно нема да одигра ниту една минута и за Манчестер Сити, пристигнува да пополни бројка по разделбата со Скот Карсон, и ќе биде трета опција зад Едерсон и Штефан Ортега.

„Чест е да се потпише со Манчестер Сити. Години наназад се восхитував на тоа што се постигна овој клуб откако пристигна Пеп Гвардиола, па возбуден сум што ќе бидам дел од овој тим и потерата по нов успех. Со нетрпение чекам да почнам да работам со Пеп, Чаби Мансисдор и одличните голмани кои се веќе тука. Се надевам дека ќе можам да дадам допринос на тренинзите, во соблекувалната и на теренот“ – рече Маркус Бетинели.

ФОТО: X/Manchester City

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани