Втора рунда: Ливерпул го договори Лавиа за 60 милиони фунти, но Челси може да им го украде!

by
1 минути читање

Ливерпул и Челси
имаа луда трансфер битка минатата недела, „црвените“ договорија рекорден
трансфер на Моизес Каиседо вреден 110 милиони фунти, но Еквадорецот сакаше само
трансфер на Стемфорд Бриџ, па „сините“ го искористија ова и со Брајтон си
подадоа рака за зделка вредна 115+ милиони фунти.

Оваа недела очигледно
ќе има втора рунда, неколку извори од Англија пренесуваат дека Ливерпул постигнал
договор со Саутемптон за трансфер на Ромео Лавиа вреден 60 милиони фунти.

Но ова не значи
дека работата е завршена, Челси исто така сака да го ангажира фудбалерот од
Белгија, па сега Ромео Лавиа треба да пресече каде ќе се пресели и Јирген Клоп стравува дека може да се повтори приказната од изминатиов викенд.

Од ова надмудрување
на Челси и Ливерпул најмногу ќар имаат Брајтон и Саутемптон.

„Галебите“ бараа
100 милиони фунти за Моизес Каиседо, а на крајот добија 15 милиони повеќе.
„Светците“ пак бараа 50 милиони фунти за Ромео Лавиа а сега ќе добијат барам 10
милиони повеќе, а можеби и нешто плус доколку Челси реши додатно да го одврзе ќесето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани