По многу
шпекулации за трансфер во Реал Мадрид, Килијан Мбапе реши да стави потпис на
нов договор со ПСЖ. Покрај огромната плата, се говореше дека Французинот ќе добие
поголема моќ и ќе има влијание врз одредени одлуки.
Нејмар беше
посочен како жртва од ваквиот развој на настаните, наводно Килијан Мбапе
побарал Бразилецот да биде продаден поради недисциплина.
Но како што
пренесува Мундо Депортиво, ова придонело за конфлит помеѓу Лео Меси и Килијан
Мбапе.
Лео Меси е добар
пријател со Нејмар и сака да продолжи да ја дели соблекувалната со Бразилецот.
Аргентинецот исто така смета дека напаѓачот може да има голем придонес на теренот
и затоа треба да остане во Париз.
Останува да се
види како ќе се одвиваат работите на „Паркот на Принцовите“, за советникот Луис
Кампос дисциплината е фундаментална и сите мора да работат во ист правец за да
се подобрат перформансите на тимот. Тој не толерира индивидуалци, и играчи кои
прават што сакаат.