Врие во Фенербахче, Тадиќ тргна да го тепа Талиска среде натпревар! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фенербахче денеска со убедливи 4-1 победи на гостувањето кај Башакшехир, но атмосферата во тимот на Мурињо се чини дека е далеку од идеална.

Во текот на мечот се случи неочекуван инцидент меѓу Душан Тадиќ и Талиска.

Србинот наеднаш ги загуби нервите и тргна да го тепа Талиска, за среќа дел од останатите фудбалери го фатија Тадиќ и го смирија недозволувајќи му да стигне до соиграчот.

Тадиќ ги игра последните мечеви за Фенербахче, по оваа сезона заминува од турскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани