Возбудувања, убави голови и победа со пресврт на Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Прекрасен меч одиграа Атлетико Мадрид и Селта кој го добија домаќините со 3-2. Пресврт, убави голови и промашен пенал имаше на Висенте Калдерон.

Селта одлично го почна натпреварот поведе уште во 5. минута со гол на Кабрал, но само шест минути подоцна вистинско ремек дело на Фернандо Торес за изедначување на 1-1.

Во 30. минута Фернандо Торес имаше идеална можност да направи пресврт но не реализираше удар од белата точка.

Долго време натпреварот беше 1-1 кога Гуидети во 78. минута одново и донесе водство на Селта овој пат од 2-1.

Но не поминаа ниту десет минута нов прекрасен гол на Атлетико Мадрид, овој пат Караско е стрелец за изедначување на 2-2.

Веднаш потоа одлична акција која ја заврши Гризман со гол за пресврт и победа на Атлетико Мадрид од 3-2.

Со оваа победа Атлетико Мадрид се врати на четвртата позиција на табелата со бод повеќе од Сосиедад и четири помалку од Севиља која денеска со 1-0 победи на гостувањето кај Лас Палмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани