Возбудлив меч со 8 погодоци, Баерн до нова титула, Мане не можеше полесно до деби гол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен
стигна до нова титула, избраниците на Нагелсман вечерва го совладаа РБ Лајпциг со
3-5 во Суперкупот на Германија.

Мусиала го отвори
резултатот во 14. минута, за по половина час игра, Садио Мане да стигне до деби
погодокот. Сенегалецот верјатно не можеше полесно да се запише во листата на
стрелците откако Гнабри несебнично го поигра и му овозможи од пет метри да ја
затресе мрежата.

Пред крајот на
првиот дел, Павар стрелаше за 0-3 и убедива предност на Баерн Минхен на паузата.

По еден час игра,
Халштенберг намали на 1-3, но пет минути подоцна Гнабри го врати водството на гостите од
три гола.

РБ Лајпциг не се
предаде, Нкунку од пенал намали на 2-4 во 77. минута, за Олмо да погоди во 89. минута
за 3-4 и неизвесен финиш.

Сепак, Сане длабоко
во судиското надополнување ја потврди победата и ги постави конечните 3-5.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани