Воткинс херој, Астон Вила чекори кон Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Оли Воткинс беше херојт на Астон Вила во денешниот натпревар против Брентфорд за победа од 0-1.

Во еден изедначен натпревар во кој двете екипи имаа свои прилики одлучи моментот во 49. минута кога Воткинс ја погоди мрежата на домаќините.

По овој трумф Астон Вила е седма, но со само два бода помалку од Манчестер сити кој е четврти, но и натпревар повеќе. „Граѓаните“ ќе потсетиме денеска беа поразени од Нотингем Форест.

Треба да се каже дека оваа сезона место во Лигата шампионите ќе обезбедува и петтото место во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани