57
Необичен ден за Тотнем, тимот кој играше импресивно досега и го помина Манчестер Сити на табелата во Премиерлигата, денеска киксна на свој терен против Волвс.
А се започна како што се очекуваше. Тотнем во 22. минута поведе со 1-0 преку Хари Кејн и имаше доминација на теренот.
Тој резултат беше актуелен до 72. минута, а потоа волците се разбудија и до 87. минута дадоа три гола преку Боли, Хименез и Коста за неверојатна победа од 3-1.