Не така далеку е
елиминацијата на Манчестер јунајтед во рамките на Лига купот на Англија оваа
сезона, кога Дерби на Олд Трафорд преку пенал серијата мина во следната фаза, а
Хари Вилсон, 21 годишниот Велшанец од редовите на Чемпионшиплигашот имаше
феноменална партија.
Вилсон тогаш
постигна спектакуларен гол од слободен удар, токму од тие позиции младиот
Велшанец е вистински специјалист, а исто така и во ударите од далечина во игра,
тој вчера постигна уште едно ремек дело од погодок, стрелаше успешно од
слободен удар во поразот на Дерби кај Шефилд јунајтед со 3-1, а со тоа испрати
јасна порака до Јирген Клоп.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Вилсон е инаку
позајмен фудбалер од екипата на Ливерпул за играчи до 23 годишна возраст, со
екипата од Енфилд има договор до 2023. година, а на позајмица во Дерби треба да
остане до 2019. година, според неговите неверојатни изданија досега, нема да
зачуди ако биде вратен во редовите на гигантот нешто порано од предвиденото.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Вилсон со 8
погодоци е прв стрелец засега во тимот кој од клупата е предводен од Френк
Лампард.