111
По Пауло Дибала, Вајналдум треба да биде второто големо засилување за Рома, но зделката е комплицирана, па преговорите застанаа за момент.
Според „Газета дело Спорт“, претседателот на Рома, Фриедкин се вклучил во преговорите со цел да ги забрза. Тој е пријател со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, па таа конекција се очекува да се покаже како клучна за трансферот.
Се верува дека ПСЖ е согласен да ја исплати половина од платата на Вајналдум за следната сезона со цел да овозможи тој да заигра за Рома.