Кајл Вокер беше официјално промовиран во Милан по трансферот од Манчестер Сити на „Сан Сиро“.
Доскорешниот капитен на Сити не беше стандарден сезонава во тимот на Пеп Гвардиола, па изненади со желбата да замине за повеќе да игра. Решението го пронајде во Милан и пристигна во клубот на позајмица со право на откуп.
По трансферот откри дека разговорот кога му соопштил на Пеп дека сака да си оди воопшто не бил лесен.
„Ситуацијата во Манчестер Сити не беше најдобра и не играв колку што сакам. Сега дојдов во голем клуб како Милан и се надевам дека ќе играм повеќе отколку во Англија. Желбата да освојувам трофеи е секогаш тука присутна. Разговорот со Пеп Гвардиола кога решив да заминам не беше воопшто пријатен. Заедно ги освоивме сите трофеи во Сити и имаме огромна почит. Тој знае што носам јас во соблекувалната, дури и кога не играм“, изјави Вокер.
Вокер веќе тренира со „росонерите“ и го чека своето деби во новиот клуб, а тоа може да биде во дербито против Интер.