На неутрален
терен во Полска, Украина и Англија одиграа 1-1 за поделба на бодовите и статус кво
на врвот на табелата.
Домаќините беа
тие кои поведоа, по една убава акција, Зинченко доби топка на пет метри и ја
затресе мрежата за 1-0 во 26. минута од мечот.
„Трите Лава“ изедначија
во финишот на првиот дел, Кејн со долга топка го најде Вокер во фор, кој одлично
се снајде и го постигна својот прв гол во дресот на Англија за 1-1.
Во продолжението
од мечот, двете репрезентации прикажаа премалку, па резултатот не се менуваше.
Англија останува
прва на табелата со 13 бода, Украина има 7, потоа следуваат Италија и
Македонија со по 3 бода, Малта е последна без ниту еден бод.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.