Во Украина почна да се игра фудбал и покрај војната (ФОТО)

by
1 минути читање

Новата сезона започна точно напладне со дуелот меѓу Шахтар и Металист.

Натпреварите се играат во Киев и во градовите кои се на западниот дел од Украина, подалеку од местата каде што се водат битките.

Во близина на секој од стадионите каде ќе се играат натпреварите мора да има скривници кои ќе треба да ги заштитат учесниците во случај на напади. Тие мора да бидат одалечни најмногу 500 метри од стадионите.

Учесниците на натпреварите пред почетокот на средбите ќе присуствуваат на безбедносни брифинзи.

Денеска се играат четири мечеви, покрај дуелот меѓу Шахар и Металист, играат и Черноморец Одеса – Верес, Зорја – Ворскла и Колос – Кривбас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×