Во Тотнем бесни зошто Баерн зад грб им преговал со Кејн, ќе ги натера да платат екстра

by
1 минути читање

Синоќа се појавија информации дека Томас Тухел e во постојан контакт со Хари Кејн, двајцата дури и се сретнале во домот на напаѓачот.

Тренерот на Баерн го врбувал да се пресели на „Алианц Арена“, му ги објаснил своите идеи на Англичанецот, кој пак бил импресиониран од плановите на германскиот стратег и верува дека со преселба во Минхен ќе има реални шанси за триумф во Лигата на шампиони.

Но ваквите информации го налутија првиот човек на Тотнем, Даниел Леви бил бесен кога дознал дека Баерн зад грб им преговарал со Кејн.

Тој сега сака да го „казни“ шампионот на Германија и да го натера да плати екстра, па понудата од 85-86 милиони фунти (околу 100 милиони евра) нема да биде доволна за трансфер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани