Во Сити и резервите убаво заработуваат, голманот Стефан Ортега ќе добие 10 милиони за три години

by
1 минути читање

Животот на Стефан
Ортега драстично ќе се промени, 29 годишниот голман кој во најголемиот дел од
својата кариера бранеше во втора лига
, ќе има прилика да соработува со Пеп Гвардиола и да го носи дресот на
шампионот на Англија.

И покрај тоа што
Арминија Билефелд испадна од Бундеслига
, Стефан Ортега имаше одлична статистика. И не беша само бројот на одбрани тоа
што ги привлече „граѓаните“, туку и бројот на прецизни додавања, квалитет што
Пеп Гвардиола особено го цени кај голманите.

Стефан Ортега во
Манчестер Сити ќе биде резерва, односно замена за Едерсон и во најдобар случај
ќе брани на десетина натпревари.

Можеби нема да се
изнаигра, но добро ќе заработи, како што пренесува Спорт Билд, тригодишниот
договор на голманот ќе биде тежок 10 милиони евра доколку се остварат бонусите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×