Иако каде и да оди Балотели завршува лошо, повеќе прави проблеми отколку корисни работи, се уште има клубови кои го ангажираат. Таков беше и Сион.
„Беше грешка што го потпишавме Балотели и можам да признаам дека комплетно погрешив со него. Доаѓањето на таков фудбалер внесува ентузијазам, но не беше така“, вели директорот Барт Константин.
„Тој требаше да не однесе чекор понапред со околу 20 гола по сезона. За жал постигна само пет и не ги пружи перформансите кои го очекувавме“.
Балотели бил проблематичен и таму, со дел од соиграчите лудувале, пиеле, носеле девојки во хотелски соби…
Еднаш одбил да влезе во игра во второто полувреме кога Сион губел 3-0.
Останува да видиме кој ќе биде следниот клуб кој ќе погреши со ангажман на Балотели.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.