Во Серија Б не се шегуваат, дури четири откази за еден ден

by
1 минути читање

Синоќа на своите тренери откази им врачија Беневенто, Комо, Перуџа и Пиза.

Беневенто кој го отпушти Фабио Касерта по поразите од Каљари и Бреша, се вели дека е во преговори со легендата на италијанскиот фудбал, Фабио Канаваро.

Во Италија е познато дека газдите не размислуваат многу пред да им дадат отказ на тренерите, тоа особено се случува во Серија Б и во послабите клубови од Серија А.

Оваа сезона пред ран отказ се и тренерите на гигантите Интер и Јувентус, но се уште нема одлука за тренерска смена. Јавно Инзаги и Алегри ја имаат поддршката од клубовите.

Разликата меѓу двата случаи е тоа што навивачите на Интер му даваат поддршка на Инзаги, додека фановите на Јувентус сметаат дека Алегри треба да добие отказ и да биде донесен нов стратег.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×