Во ПСЖ сите сакаат да бидат газди, Валенсија во рок од два часа добила две различни понуди за Карлос Солер

by
1 минути читање

Пред десетина дена, медиумите пишуваа за тензија помеѓу Луис Кампос и Антеро Енрике, директорите на ПСЖ имале несогласувања околку трансферите.

Сега од Шпанија пристигнува информација која покажува дека на „Паркот на принцовите“ сите сакаат да бидат газди, Валенсија во рок од два часа добила две различни понуди за Карлос Солер.

Најпрво се јавил Луис Кампос и понудил 18 милиони евра блус бонуси за ангажман на Карлос Солер. Два часа подоцна се јавил Антеро Енрике, кој пак предложил Шпанецот да се пресели во Париз на позајмица, со опција во целост да биде купен.

На Местаља биле изненадени од ваквото однесување, но на крајот двата клуба успеаја да си подадат рака и Карлос Солер го облече дресот на ПСЖ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×