Во ПСЖ се уморни од однесувањето на Мбапе, ќе го продаваат ова лето!

by
2 минути читање

Мбапе вечерва го известил ПСЖ дека нема да ја искористи опцијата во договорот за да ја продолжи соработката до јуни 2025 година.

ПСЖ сега има две опции, едната е да го продаде ова лето и да заработи на неговото заминување, а другата е да го остави да ја доигра и наредната сезона по што Мбапе како слободен играч ќе си оди.

Француските медиуми пишуваат дека во ПСЖ се уморни од променливото однесување на Килијан Мбапе и ќе го продадат во овој преоден рок. Немаат намера да го пуштат да си замине бесплатно.

Реал Мадрид е првиот кандидат за потписот на Мбапе, но ќе зависи и од тоа колку пари ќе бара ПСЖ за да го продаде својот фудбалер.

@2024 – Сите права задржани