Во ПСЖ подготвени за битка, мотивацијата е огромна, фудбалерите сакаат да испишат убава приказна

by
2 минути читање

Утре започнува елиминационата фаза од Лигата на шампионите, една од атрактивните пресметки е и онаа помеѓу ПСЖ и Барселона.

„Денес сите тимови се знаат. Барселона сигурно направила добра анализа за ПСЖ и ние ги анализиравме нив. Сум играл многу натпревари против нив. Ова е добра можност за нас, исто како и за нив. Очекувам добар, атрактивен двобој. Ќе победи тој што е подобар во клучните моменти, тој кој ќе ја постави вистинската тактика и тој што ќе ги добие дуелите на теренот“ – вели Емери.

„Не треба да се чувствувам инфериорно кон било кој. Имаме значајни фудбалери кои се развиваат во ПСЖ и кои сакаат да испишат прекрасна приказна, како индивидуалци и со ПСЖ“.

„Сакаме да ја искористиме оваа шанса бидејќи играме против еден од најдобрите клубови во Европа и светот. Фудбалерите се многу мотивирани. Работевме напорно за да го покажат тоа. Сакаме да го покажеме нашиот квалитет. Ќе биде тешко за нас, но и тешко за нив“.


За резултатот многу ќе заврши и од играта на Единсон Кавани кој покажува фантастична форма во последните натпревари.

„Играме против тежок ривал, фокусирани сме на нашата работа. Знаеме што треба да направиме. Победа ќе не однесе поблиску до целта. Знаеме дека треба да одиме на победа на овој меч“ – вели Кавани.

Сонародникот на Кавани, Луис Суарез ќе биде еден од главните адути на Барселона во осминафиналето.

„Доаѓаме од ист град, Салто, но од различна локација. Тој го напушти Салто кога беше млад, но јас пораснав таму. Игравме во различни тимови во Монтевидео, потоа во националниот тим, таму прв пат ни се сретнаа патиштата. Националниот тим е вистинска фамилија. Делиме убаво моменти. Поминавме и некои тешки, но останавме обединети. Зборувам со него и продолжуваме да ја презентираме нашата земја и град на најдобар можен начин“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани