Во Порто се бесни на судењето: Не игравме само против Барселона! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вчера Порто распали по Ентони Тејлор на кого не му е првпат да носи одлуки во европскиот фудбал кои предизвикуваат гнев кај оштетените екипи.

Порто синоќа во неколку наврати побара пенал против Барселона, а кога Тејлор покажа на белата точка, со помош на ВАР тој ја промени одлуката.

Тоа се случи во 77. минута кога Кансело очигледно намерно играше со рака. Но, Тејлор на видео снимката виде претходно играње со рака од фудбалер на Порто, дилемата во таа ситуација е дали тоа беше рамо или рака.

По натпреварот, тренерот Серхио Консеисао запрашан за судењето рече: „Не игравме само против клуб. Тоа е се што можам да кажам“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×