Во Полска се испотепаа навивачите на Челси и Бетис како загревање за финалето! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Вечерва во 21 часот во Вроцлав се игра финалето од Конференциската лига меѓу Челси и Бетис, а фановите на двата тима се тепаат кај стигнат низ Полска.

Немири имало и во Варшава и во Вроцлав. Има повредени, приведени, оштетен е инвентар од јавни објекти и кафулиња, за среќа нема жртви.

Англичаните важат за проблематични навивачи, но се пишува дека во овој случај поголем проблем прават фановите на Бетис. На нив не им е првпат оваа сезона да создаваат проблеми во Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани