Фудбалерите на Шпанија до 19 години ја совлада Германија со 6-5 по 120 минути игра и се пласира во финалето на Европското првенство У19 каде ќе игра со Холандија која со 3-1 беше подобра од Романија.
Германија поведе со голот на Моерштед во 28. минута од средбата, а само пет минути подоцна Шпанија пропушти шанса за израмнување преку Кордеро од пенал.
Во првите 15 минути од вториот дел беше мирно, по што Пабло Гарсија стрелаше за 1-1. Германија ја врати предноста преку Ел Мала во 78 минута, но потоа Гарсија со уште два погодоци направи целосен пресврт.
Голема драма се случуваше дури до деветтата минута од судиското надополнување кога Куенка со автогол ѝ овозможи на Германија да обезбеди продолженија.
Возбудливо беше и во продолженијата, каде што Маркез погоди за предност на Шпанија, а потоа Моерштед стрелаше двапати за целосен пресврт (5-4).
Шпанија повторно израмни на 5-5 во 113. минута преку Вирхили, додека Гарсија со четвртиот погодок ја запечати судбината на ривалот и ја однесе својата селекција во финале на ЕП.
Младите Шпанци во финалето ќе играат против селекцијата на Холандија која со 3-1 беше подобра од Романија.
Фото: Facebook/Selección Española de Fútbol (SeFutbol)