Рома со иницијатива го почна мечот, но по две грешки на одбраната, дојдоа два брзи гола на Сасуоло, Лауренте погоди во 13. и 18. минута за 2-0.
Домаќините брзо се вратија во мечот, Залевски во 26. минута даде гол и намали на 1-2.
Клучниот момент на натпреварот се случи во судиското продолжение од првото полувреме кога Кумбула го шутна Берарди во шеснаесетникот, тој доби црвен картон, а Сасуоло пенал.
Берарди беше прецизен од белата точка и донесе водство за Сасуоло од 3-1. Рома имаше играч помалку и негатива од два гола.
По само шест минути игра во вториот дел Дибала даде гол за 2-3, Рома повторно е во живот. Но до 75. минута кога Пинамонти погоди за 2-4.
Во 95. минута Вајналдум го постигна својот деби гол за Рома, намали на 3-4, но веќе беше доцна за да се избегне пораз.
Во следното коло се игра големото дерби на Рим, Рома на хартија ќе биде гостин на Лацио, а тоа значи дека лацијалите ќе имаат многу поголема поддршка на Олимпико. Тоа е и директен дуел за топ четири.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.