Тренерот и челниците на клубот се договориле уште додека траеше турнеата во Азија дека ќе ја продолжат соработката на уште една дополнителна година, до јуни 2025, бидејќи договорот кој веќе го има трае до крајот на 2023/24.
„Сето тоа беше веќе договорено за време на претсезонската турнеа во Азија. Останува само да биде формализирано, ќе биде продолжување на уште една година“, вели Тинти.
Инзаги стоеше на стаклени нозе на тренерското место во Интер, некаде во март годинава, кога се бараше да биде сменет, бидејќи клубот одамна беше надвор од трката за скудето, а немаше изгледни шанси и за пласман меѓу првите четири екипи на табелата.
Сепак, со извонреден финиш на сезоната, Интер заврши втор, зад шампионот Наполи, но она што му ја спаси сезоната е пласманот во финалето во Лигата на шампионите и освојувањето на Купот на Италија. Инзаги дојде во Интер на стартот на 2021/22 сезона и оттогаш освои двапати Куп на Италија и двапати Супер куп.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.