Во последниот ден од преодниот рок, Манчестер јунајтед купи нов голман, 25-годишниот Алтај Бајиндир кој пристигна од Фенербахче.
Турскиот клуб за овој трансфер ќе добие околу 6-7 милиони евра.
„Алтај Бајиндир му се приклучи на Манчестер јунајтед на договор кој истекува во јуни 2027 година, со опција за уште една дополнителна година“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.
Бајиндир вели дека за него е голема привилегија што е првиот турски фудбалер во славниот англиски клуб.
„Огромна чест за мене е што потпишав за Манчестер јунајтед и станав првиот турски фудбалер кој бил дел од овој неверојатен клуб. Имам пасија за успех и ќе направам се за да му помогнам на клубот да ги оствари амбициите. Не можам да дочекам да почнам со работа“, вели Бајиндир.
Our GK Union:
Welcome to United, @AltayBayindir_1#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) September 1, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.