Роналдо има фрустрирачка сезона, Португалецот често е на клупата за резерви, а кога ќе игра никако не успева да даде гол. Таков беше и вчерашниот меч против Омонија кој го одигра цел, но не погоди.
Имаше шпекулации дека Роналдо би можел да замине од Манчестер јунајтед во јануари, клубот нема да му прави проблеми како што тоа беше во летниот преоден рок.
Но, Роб Доусон тврди дека во Манчестер јунајтед веруваат дека Роналдо ќе остане до крајот на сезоната бидејќи нема интерес од други клубови за неговите услуги. Не веруваат дека во јануари ќе имаат понуди за него.
Наспроти ваквите тврдења, минатата недела Рој Кин рече дека има барем 4-5 клубови кои се заинтересирани за Роналдо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.