Карло Анчелоти во сабота за последен пат ќе го води Реал Мадрид и така го завршува својот вторт мандат откако претходно ги предводеше „кралевите“ од 2013 до 2015 година за потоа да се врати во 2021 година.
Во овој период, Анчелоти освои три титули во Лигата на шампионите, како и по две шампионски титули во Ла Лига, Копа дел Реј и Светски клупски првенства. Со тоа го запечати својот статус како еден од најуспешните тренери во историјата на клубот.
Во меѓувреме, од Мадрид се очекува наскоро и официјално да потврди пристигнувањето Чаби Алонсо како нов кормилар на првиот тим. Според информациите од шпанските медиуми, претставувањето на поранешниот шпански репрезентативец и актуелен тренер на Баер Леверкузен е закажано за понеделник, 27 мај. Со тоа ќе биде ставена точка на неколкумесечната неизвесност околу наследникот на Анчелоти на клупата на „Сантијаго Бернабеу“.
Фото: Bayer 04 Leverkusen/X