Лихтенштајн во минатото коло ја изненади Ерменија во Ереван, одигра 1-1, им пружи силен отпор и на Романија и Германија, па има подлога да се надева на позитивен резултлат и од утрешниот меч.
„Ќе биде многу тешко да ја победиме Македонија бидејќи таа селекција покажа дека може да биде многу конкурентна и против многу посилни репрезентации“, вели селекторот на Лихтенштајн, Мартин Стокласа.
„Треба да се бориме силно од првата минута, исто како и против Романија во Букурешт. Од првата минута, од голманот до напаѓачот сите треба да бидат на максимално ниво во текот на целиот натпревар“.
„Нашите фудбалери се во добра форма, а имаме и неколкумина млади фудбалери кои можеби ќе добијат шанса. Ја анализиравме нивната игра на претходните три натпревари. Македонија има одлични фудбалери, Алиоски, Елмас…фаворити се, но наше е да изиграме и да се надеваме на нов позитивен резултат“.
Капитенот на Лихтенштајн, Николас Хаслер не сака да се повтори последниот дуел меѓу двете селекции кога Македонија победи 5-0.
„Македонските фудбалери технички се одлични, посебно на мал простор. Ние ќе се обидеме да се спротивставиме. Знаеме како поминавме на последниот наш дуел и ќе се трудиме да го избегнеме тоа“.