Директорот за
односи со јавност на Лацио, Стефано Де Мартино не можеше да се воздржи да
продолжи со коментарите за Давид Силва, откако 34 годишниот Шпанец иако се
договори со италијанскиот прволигаш, на крајот ги остави на цедило и потпиша за
Реал Сосиедад, а не им одговарал на повиците на директорите на клубот од Рим.
Се’ било договорено за трансферот на Силва во
Лацио, од покрупните, до поситните детали, меѓутоа, како што и самиот тој
изјави, конечната одлука паднала по консултациите со неговото семејство, за што
имало голема желба за враќање во својата татковина.
„Во изминатите 48
часа е кажано многу за ситуацијата со Давид Силва, Лацио секогаш се однесувал
на еден коректен начин, а ние се уште веруваме дека кога некој ќе даде збор,
тоа има големо значење“ вели Де Мартино.
Давид Силва непожелна личност во Лацио, во клубот гневни по тоа што го стори Шпанецот
„Спортскиот
директор Игли Таре веќе го даде коментарот на оваа тема, откако Лацио стори се’
што можеше за сево ова да се
реализира по еден отворен и фер начин за обете страни“ додава тој.
„Некои верзии на
целата оваа приказна кои ги видовме низ разни медиуми не се точни, а
разочарувачки е да гледаме луѓе кои ги шират овие шпекулации, добрата вест е
што нашите навивачи повеќе не потпаѓаат на вакви стапици“ заклучи Де Мартино.