Во јуни го наградија со нов двегодишен договор, денес го избркаа: Падна првата тренерска жртва во Примера

by
1 минути читање

Падна првата
тренерска жртва во Примера, Селта утрово се раздели со Оскар Гарсија.

„Оскар Гарсија и
неговиот тренерски персонал повеќе нема да седат на клупата на Селта. Клубот
сака да им се заблагодари за работата, професионалноста и напорот во годината
помината на кормилото и обезбедениот опстанок во една комплицирана сезона.
Селта исто така сака да им посака многу среќа во иднина на професионално и
лично поле“
– гласеше известувањето.

Оскар Гарсија седна
на тренерското столче на Селта во ноември минатата година, а во јуни беше
награден со нов двегодишен договор.

Сепак, лошиот
старт на новата сезона и само една победа од девет натпреварот значеше отказ. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани