179
Фотографијата која го освои интернетот доаѓа од Салерно, од мечот меѓу Салернитана и Верона.
Натпреварот го добија домаќините со 2-1, на теренот се водеше голема битка, имаше и црвен картон, искри летаа на сите страни, но по мечот беше поинаку.
Федерико Бонацоли од Салернитана и Симоне Верди од Верона по крајот на мечот седеа заедно во ходникот од стадионот и јадеа пица.
Позади оваа дружба на двајцата фудбалери е приказната дека Симоне Верди кој сега игра за Верона, во пролетната полусезона го носеше дресот на Салернитана како позајмен играч.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.