Во Интер повторно не се среќни со однесувањето на Чалханоглу, овојпат имаа забелешка на едно негово видео на инстаграм

by
1 минути читање

Чалханоглу на инстаграм стори постираше видео како скока во вода од кров на јахта.

На директорите на Интер не им се допаднало таквото однесување на Турчинот бидејќи тоа може да доведе до повреди.

Екстремните спортови обично им се забранети на фудбалерите за време на одморите поради ризикот од повреди.

Ова е вторпат ова лето како во Интер се незадоволни од однесувањето на Чалханоглу, првиот пат беше поради неговото интервју дадено за турски медиум, во кое го критикува тренерот Симоне Инзаги.

Чалханоглу потоа се правдаше дека неговите зборови се извадени од контекст и тој никогаш не го критикувал Инзаги.

Интересно за Чалханоглу е тоа што во изминатите две сезони Интер и Милан освоија по едно Скудето, тој играше и за двата клуба, а не освои ниту едно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани