Ромелу Лукаку ова
лето е инволвиран во трансфер сага, по долги преговори, Интер се сложи
да му плати 40 милиони евра на Челси но се повлече од зделката во последен миг
откако дозна дека напаѓачот зад грб им преговарал со лутиот ривал Јувентус.
Медиумите од
Италија изминативе денови открија повеќе детали за неверството на напаѓачот од
Белгија и како тој се договорил со „старата дама“ само два дена по финалето од
Лигата на шампиони и поразот од Манчестер Сити. За болката да биде поголема,
тој следниот ден со пост на социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите
за поддршката и изрази љубов кон клубот, иако веќе имал дил со Јувентус.
Газета дело Спорт
пак пишува дека првиот контакт помеѓу Јувентус и Ромелу Лукаку датира пред
неколку месеци. На инсистирање на тренерот Макс Алегри, директорите на „старата дама“ отвориле
преговори со агентот на напаѓачот, Себастиан Ледур уште во март.
Во Интер се бесни
на ваквите информации, па дури и размислуваат да го пријават Јувентус до ФИФА
бидејќи Ромелу Лукаку во март бил под договор со нив и тие не дале никаква
дозвола за преговори.
Од таборот на
Јувентус пак ги негираат ваквите написи, велат дека контакт со Ромелу Лукаку
бил воспоставен во јули месец, кога тој повторно бил фудбалер на Челси и тоа
само откако „сините“ им дале дозвола.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.