Изминатиов период често се пишуваше за револуција во фудбалот и воведување на трет картон, покрај жолтиот и црвениот.
Во ноември пристигна информација за „портокалов“ картон, а денешното издание на Телеграф вели дека Меѓународниот комитет на фудбалски асоцијации дал зелено светло да се тестира примена на „син“ картон.
Син картон ќе се покаже на играчот кој ќе претера со протестите, или пак ќе направи неспортски прекршок, одосно ќе спречи ветувачки напад/контра а стартот на заслужува црвен, како пример е даден фамозниот старт на Џорџо Кјелини на финалето на ЕВРО 2020, кога за дрес го фати Букајо Сака на средината од теренот и не му дозволи посериозно да го загрози голот.
Фудбалерот кој ќе го добие синиот картон ќе биде исфрлен од игра на 10 минути.
За два сини картони ќе се покаже црвен, а црвен ќе се покаже доколку еден играч заработи и жолт и син картон.
Функцијата на синиот картон всушност ќе биде иста како онаа на портаколовиот за кој се пишуваше пред неколку месеци, луѓето во ИФАБ сега само одлучиле дека за подобро да се распознаваат картоните од далечина, бојата треба да биде сина наместо портокалова.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.