Во Холандија пишуваат за нова желба на Куман, тренерот на Барса му се јавил на Вајналдум

by
1 минути читање

Изминативе денови
има многу гласини за тоа како ќе изгледа Барселона под водсво на Роналд Куман.

Дони ван де Бек од Ајакс беше најавен како прво засилување, за самиот стратег
да изјави дека сака пет до шест нови засилувања а АС да пренесе дека Ерик Гарсија,
Дони ван де Бек и Лаутаро Мартинез се приоритет.

Во Холандија сега пишуваат за нова желба на Роналд Куман, според АД,
стратегот на Камп Ноу сака да го донесе Џини Вајналдум. Се говори дека тренерот
на Барса стапил во контакт со својот сонародник и го замолил да не става потпис
на нов договор.

Џини Вајналдум е обврзан кон црвените до 2021 година, па доколку не ја
продолжи верноста, „каталонците“ ќе можат за малку пари да го купат
Холанѓанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×