Германија е една од најпогедените земји кога се енергенсите во прашање, властите во оваа земја постојано преземаат мерки и даваат совети за штедење.
„Билд“ објави дека во Борусија Дортмунд доживеале „милионски шок“ кога ја виделе новата фактура за струја.
Тие струјата што ја користат за „Сигнал Идуна Парк“ ја плаќаат на годишно ниво. Досега фактурата им била четири милиони евра, но новата годишна сметка која им стигнала изнесувала 10 милиони евра. Што е за два ипол пати повеќе.
Откако ја виделе сметката во клубот преземале дополнителни мерки за штедење. Сега стадионот нема да свети навечер кога на него не се играат мечеви, нема да свети ниту џиновското лого на клубот, ќе биде исклучено греењето на теренот, ќе има и ристрикции за користење на рефлекторите, за време на мечевите ќе се користи греење само во ВИП-от на стадионот.
Германските новинари на шала велат дека фановите на Борусија Дортмунд убаво облечени, во џемпери ќе мора да доаѓаат на стадионите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.