Во Бетис има одличен тимски дух, играчите се откажаа од дел од платите за да биде регистриран Вилијан Жозе

by
1 минути читање

Барселона не беше
единствениот клуб кој требаше да биде малку креативен за да може да ги
регистрира фудбалерите, проблеми имаше и во Бетис.

Освојувачкот на Купот
на Шпанија никако не успеваше преку продажба на фудбалери да ослободи простор,
па претседателот Анхел Аро и потпретседателот Хозе Мигел Лопез Каталан обезбедија
шест милион евра, останатите директори од бордот дадоа гаранции за сума помеѓу
300.000 и 500.000 евра, па беа регистрирани Луиз Фелипе, Луиз Енрике, Квардадо,
Хоакин и Клаудио Браво.

Единствено немаше
простор за регистрација на Вилијан Жозе, па за Бразилецот да не извиси, фудбалерите
стапија на сцена.

Изминативе
денови, играчи како Вилијам Карваљо, Каналес, Пецела, Фекир и уште неколку
други се појавија во канцелариите на Бетис за да се откажат од дел од своите
плати. Самиот Вилијам Жозе исто така прифати намалување на платата, па вчера тој
конечно беше регистриран и сега ќе може да помогне на теренот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×