Во Баерн се бесни, Габриел направи детска грешка, судијата не досуди пенал, му прогледа низ прсти! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Од Арсенал беа бесни што судијата не свирна пенал при фаул од Нојер врз Сака, а Баварците се гневни на една бизарна ситуација.

Голманот на Арсенал изведе гол-аут, му ја додаде топката на Габриел кој ја фати со раце и повторно го изведе гол-аутот. Судијата не сакаше да го свирне тоа како пенал, но Тухел и германските медиуми сметаат дека тоа е огромна грешка.

„Судијата направи огромна грешка, имаше пенал поради играње со рака. Знам дека тоа беше луда ситуација. Тие ја ставија топката долу, тој свирна и дефанзивецот ја фати топката со неговите раце“, вели Тухел.

„Она што ме прави лут е објаснувањето на судијата. Тој им рекол на нашите фудбалери дека тоа било „детска грешка“ и дека нема да свирне пенал за тоа во четвртфинале од Лигата на шампионите. Тоа е ужасно, ужасно објаснување. Детска грешка, возрасна грешка, како и да е, ние сме лути бидејќи тоа е огромна одлука против нас“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×