Во Баерн од 2009 година постои непишано правило, токму поради тоа Реал нема да го добие Олисе

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот извршен директор на Баерн Минхен, Карл-Ханц Румениге кој сега е член на супервизорскиот одбор, јасно стави до знаење дека клубот нема намера да се раздели со Мајкл Олисе.

Францускиот офанзивец игра фантастична сезона и веќе се наметна како еден од најдобрите во светот, па не е изненадување што се споменува и како кандидат за Златната топка.

Румениге направи паралела со минатото, потсетувајќи на 2009 година кога Челси испратил огромна понуда за Франк Рибери.

„Во 2009 година, добивме неверојатна понуда од Челси за Франк Рибери. Во тоа време тоа ќе беше нов светски рекорд на трансфер пазарот. Тогаш отидов кај нашиот тогашен извршен директор, Карл Хопфнер, и Ули Хенес со таа понуда. Дискутиравме два часа обидувајќи се да решиме што ќе правиме. Тој ден, имавме фундаментална дискусија: решивме дека во иднина никогаш нема да продадеме фудбалер кој би ни недостасувал на теренот. Тоа непишано правило се аплицира и денеска. За фудбалер како Олисе, нема сума за која ќе го продадеме“, рече Румениге.

Токму таа политика, според Румениге, важи и денес. Пораката е јасна: за фудбалер како Олисе, Баерн не би прифатил никаква понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×